Во Австралија повторно раст на бројот на новозаразени, одложено укинувањето на ограничувањата

Од:

Австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија денеска соопштија за нагло зголемување на нови случаи на Ковид-19, и ги оставија во сила антипандемиските мерки, и покрај надежите дека ќе се укине ограничувањето на движењето, што влијае на повеќе од половина од населението.

Нов Јужен Велс, со најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, има 110 нови случаи на инфекција, што е значително зголемување од 78 случаи претходниот ден, и тоа скоро четири недели по затворањето на градот и околината, поради зголемувањето на случаите на Делта мутацијата.

Државата Викторија денеска пријави 22 нови случаи, за разлика од девет претходниот ден, што е најголем пораст на случаи од избувнувањето на заразата овој месец. Заклучувањето во Викторија е во сила скоро две недели.

– Да не бевме во блокада неколку недели, немаше да имаме 110 случаи сега, туку илјадници и илјадници новоинфицирани, рече на прес-конференција премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Година и пол по почетокот на пандемијата, за околу 13 милиони Австралијци движењето е строго ограничено, поради што се врши притисок врз федералната влада, која се наоѓа под зголемени критики за нејзиниот бавен процес на вакцинација. Нешто повеќе од 11 проценти од Австралијците ги примиле двете дози на вакцината.

Главната вакцина што и е достапна на Австралија е Астра Зенека, но се препорачува само на лица над 60 години поради редок ризик од згрутчување на крвта, додека Фајзер е ограничена на лица над 40 години поради недоволни количини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа