Иванов од „Демократска Бугарија“: Мора да најдеме решение за проблемот со РС Македонија во овој парламент

Од:

Во својот говор на отворањето на 46. Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, рече дека мора да се најде решение со Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со Република Северна Македонија во новиот парламент. Вистината, според Иванов, треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи, како што нагласи тој, тоа е бугарскиот национален стратешки интерес.

Во својот говор пред новото Национално собрание, Иванов, исто така, истакна дека нивните приоритети ќе бидат справување со новиот четврти бран Ковид-19 и борбата против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски