Иако сите ние повеќе би сакале во животот да не се нервираме, отколку да бидеме во стресни ситуации, сепак новите научни истражувања докажале дека краткотрајните проблеми благотворно влијаат на имунолошкиот систем.
Американските научници од Универзитетот Стенфорд укажуваат на тоа дека наодите добиени од експеримените направени врз лабораториски животни, треба да бидат потврдени и во студии направени со луѓето. Но, според нив, софистицираниот координиран систем во телото кога ќе открие потенцијален ризик, преку секреција на хормоните започнува да се подготовува за заштита и подобрување на имунолошкиот систем.
Анализата користеше крв од животните и покажа дека краткото изложување на стрес доведува до зголемување на присуството на одредени агенси во имунолошкиот систем кои пак се клучни во борбата против голем број болести. Забележано е присуство или зголемена секреција на три стрес хормони – норадреналинот, епинефрин и кортизол.
Американските научници претходно покажа дека долготрајното изложување на хроничен стрес го отежнува регулирањето на воспалителните процеси во телото и го зголемува ризикот од болести.
– Способноста на имунолошкиот систем да ги регулира воспаленијата е од клучно значење за развојот на болести како е настинката, на пример. Во ситуација кога на зголемен стрес, имунолошкиот систем не може да одговори нормално на присуството на хормони, што предизвикуваат воспаленија- објаснија истражувачите.