СДСМ: Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, укината дополнителната акциза за горивата

Од:

„СДСМ останува целоснo посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Укината е дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта на оваа мерка е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза“, велат од СДСМ.

„Со измените во Законот за акцизи во април 2021 година се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана си цената на барел нафта на светската берза. Поточно, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува и тоа намалување ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.

Според законското решение, дополнителна акцизза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителна акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителна акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 денари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светска берза е меѓу 400 и 600 долари и ако цената на светска берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Покрај одлуката за укинување на дополнителна акциза кај дизел горивото, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за додадена вредност со што ДДВ за струја се намалува од 18 на 5 отсто.

Сите овие мерки значат унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики што се во интерес на граѓаните, на економијата, на државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он