Ариел Анри положи заклетва како нов премиер на Хаити, речиси две недели по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.
Починатиот претседател го замоли Анри да ја преземе функцијата неколку дена пред да биде застрелан во главниот град Порт-о-Пренс.
По атентатот врз Моиз се случија неколку политички судири меѓу Анри и вршителот на должност премиер Клод Жозеф.
Жозеф поднесе оставка во понеделникот и рече дека назначувањето на Анри ќе ја олесни подготовката за изборите во септември.
Говорејќи на церемонијата во Порт-о-Пренс, новиот премиер повика на единство.
– Еден од моите приоритети ќе биде да ги уверам луѓето дека ќе сториме се што можеме за да го вратиме редот и безбедноста, истакна Анри.