ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да кажат до каде е набавката на нови вакцини и каде заглавија најавените купени Фајзер и Спутник?

Од:

„Заев и Филипче да кажат до каде е набавката на нови вакцини и каде заглавија најавените купени Фајзер и Спутник? Вакцинацијата се одвива, а се гледа дека интересот на граѓаните е голем. Огромниот број луѓе пред вакциналните пунктови кои одат ненајавени кажува дека системот на Филипче потфрлил и дека не ги опфатил граѓанитр во целост“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку интересот продолжи во ова темпо, а Заев и Филипче не набават вакцини ќе се соочиме со застој во вакцинацијата, што непосредно пред есента во која ни се заканува нов бран воопшто не ни е потребно и ќе значи здравствени и човечки загуби.

Да не дојде до несакани последици Заев и Филипче да кажат до каде се најавените купени Фајзер и Спутник? Зошто не се стигнати, и кога ќе стигнат?

Заев и Филипче да кажат кој е планот на владата за продолжување на вакцинацијата во август и септември? И дали пак планираат да молат за вакцини од соседството?

Заев и Филипче да не ја брукаат државата и уште веднаш да пристапат кон обезбедување на дополнителен број на вакцини. Доколку не се способни нека кажат има државата луѓе со капацитет кои можат да помогнат.

Време е неспособноста и криминогеноста да завршат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски