Актерката Марија Минчова – Андонова од Народниот театар Штип е добитник на наградата за епизодна улога на фестивалот „Актерот на Европа“.
Директорот на Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“ – Штип, Горан Трајков вели на Интернационален театaрски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа онлајн во јули 2021, учествуваше и НУЦК „Ацо Шопов“ со своја продукција на преставата „Ова дете“ и доби награда за епизодна улога. Наградата и е доделена на Минчева – Андонова за улогата во истоимената претстава, работена по мотиви од текст на Жоел Помера, во режија на Александар Ивановски.
Според Трајков, ова е добар почеток на фестивалската сезона која му претстои на штипскиот театар. Тој се надева на одлично претставување на претстојните четири театарски фестивали.