ВИДЕО: Девојката претепана во Белград доби кривична пријава, тепачот засега замо прекршочна

Од:

Девојката која настрада во напад на насилник во Нов Белград, а снимката од инцидентот стана вирална и ја вознемири јавноста, добила кривична пријава, додека 29-годишникот кој ја претепа засега се гони само за прекршок. Полицијата и обвинителството, според српските медиуми, сѐ уште не одлучиле за какво точно кривично дело ќе треба да одговара насилникот.

Морничавата снимка се прошири како струја низ социјалните мрежи, а илјадници луѓе изразија жалење за 22-годишната жртва и гнев кон бруталниот напаѓач.

Според извори на српските медиуми во полицијата, полицајците излегле на терен по пријава дека маж и жена се расправаат и физички се пресметуваат на улица, а кога притигнале на местото, ги затекнале двајцата како се тепаат и забележале дека се под дејство на алкохол.

И двајцата биле приведени на 12-часовно трезнење, а според изворите, девојката се однесувала агресивно и правела проблеми во станицата. Таа наводно удрила полицаец, па затоа веќе добила кривична пријава за напад врз службено лице. Насилникот, кој на видеото се гледа како ја удира со боксови, ја шутира девојката и ѝ го крши телефонот од главата, засега добил само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија