Французите останаа вџашени во текот на последната посета на нивниот претседател во Велика Британија бидејќи изгледаше како џуџе.
Франсоа Оланд во текот на првата службена посета на Лондон беше дочекан како што доликува со Гардата на честа на првиот баталјон. Непријатно за Оланд беше кога застана покрај мајорот Џејмс Колби, кој е повисок 60 цм од Оланд, правејќи го да изгледа како џуџе.
Фотографијата толку ги разлути Французите што коментарите на интернет беа изразено навредливи на сметка на Оланд.
„Јадна Франција“, напиша некој, а еден Русин додаде „џуџиња владеат со светот“.
На крајот му порачаа да се угледа на претходникот, Никола Саркози, кој иако е еднакво низок како францускиот претседател, вешто ги избегнуваше „дипломатските стапици“.