Богдановиќ: Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажа дека има болни дрвја

Од:

Денешната слика од паднатото дрво на улица „Орце Николов“ кај Соборниот храм во Општина Центар е само доказ за потенцијалната опасност од старите, болни и оштетени дрвја што може да предизвикаат последици и штети по граѓаните и учесниците во сообраќајот, велат од Општина Центар.

„Паднатото дрво на ‘Орце Николов’ е доказ дека одредени дрвја претставуваат опасност и при мало невреме, како што се случи викендов во Скопје. Дрвото, кое навидум било здраво, очигледно имало оштетени корени и претставувало опасност како дрвјата за кои беше издадено решение за отстранување во втората фаза од реконструкцијата на ‘Орце Николов’. Акциите што ги спроведовме во изминатиот период за отстранување на осум дрва од оваа улица се само потврда дека нашите заложби се во интерес на жителите и нивната безбедност. Добро е што денешниот настан не го загрози животот на граѓаните и не е предизвикана материјална штета“, изјави Богдановиќ.

Општина Центар останува на ставот дека старите дрвја треба да бидат отстранети во согласност со анализите на надлежните институции и да бидат заменети со нови висококвалитетни садници. Како локална самоуправа Општина Центар продолжува да работи посветено на зачувувањето на животната средина, одржувањето и обновувањето на јавното зеленило за зелен Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар