Комисија за заразни болести: Засега нема потреба од нови мерки

Од:

Комисијата за заразни болести денеска заседаваше и оцени дека епидемиолошката состојба поврзана со коронавирусот е стабилна и оти засега нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки.

-И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, соопшти денеска Министерството за здравство.

Комисијата на денешниот состанок, разгледувајќи ја епидемиолошката состојба во државата констатирала дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово.

Според анализите на Комисијата во Тетово, ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски