Моралес со закани за судски процес против Шпанија, Франција, Португалија и Италија

Од:

Претседателот на Боливија Ево Моралес им се закани денеска на Шпанија, Франција, Португалија и Италија со судски процес бидејќи не дозволија авионот со кој тој патувал да премине над нивното воздушно пространство.

Моралес ја даде изјавата на аеродромот во Виена пред да се качи во претседателскиот авион и да замине кон Ла Пас.

Тој додаде дека имал чувство оти бил „киднапиран 13 часа“. Претседателот го оквалификува потегот на тие држави како „атентат не за претседателот туку за целата нација, за целиот регион на Латинска Америка“.

Моралес негираше дека официјални претставници муго проверувале авионот за евентуално присуство на американскиот бегалец Едвард Сноуден.

Би можело да ве интересира

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он