Албанец од Македонија со рацете покажувал двоглав орел во Ниш, доби кривична пријава

Од:

Нишката полиција ќе поднесе кривична пријава против државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.

Тој се товари дека додека бил на совозачкото место за време на движење на возилото, „го отворил прозорецот од автомобил со швајцарски регистарски ознаки и се однесувал несоодветно кон друго лице во сообраќајот, така што со свиткани раце во форма на двоглав орел алудирал на националистички симболи“, соопшти полицијата.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Ниш, велат надлежните.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија