Платите во Грција за една година паднале за 10 проценти

Од:

Платите во Грција се намалени за 10,1 отсто за само една година, од првиот квартал на 2012 до истиот период годинава, со што се вратени на ниво од 2006 година, јави дописникот на МИА од Атина.

Откако е во сила програмата за штедење, од првиот квартал во 2010 година, платите опаднале за 22,3 отсто, покажуваат податоците што ги објави Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).

Податоците не се однесуваат на платите во примарниот сектор, во здравството, образованието и јавниот сектор во целина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит