Почна санација на МНТ за да се реши проблемот со протекување во фоајето

Од:

Македонскиот народен театар започна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот кон музејот на Холокаустот.

Како што инфоримраат од МНТ, се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот.

„Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје. Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура на РСМ. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од Ковид-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар“, соопштува Македонскиот народен театар.

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Никола Кимовски назначен за в.д директор на Македонскиот народен театар

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски