Трета научна конференција и Четврта летна школа во манастирот „Свети Јован Претеча“ – Слепче

Од:

Во организација на манастирот Св. Јован Претеча – Слепче од денеска до 20-ти месецов на отворен простор во манастирскиот комплекс ќе се одржи Третата научна конференција и Четвртата Слепченско-демирхисарска летна школа. Активностите се организираат во соработка со ИЦКН „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите.

Според најавата, денеска со почеток од 12 часот во манастирот ќе се одржи Третата Меѓународна научна конференција со учество на повеќе реномирани научници, а со линковско вклучување својот труд ќе го изложи проф. д-р Николај Зубов од Универзитетот во Одеса, Украина.

На 17 јули свечено ќе биде отворена овогодинешната Школа со промоција на Зборникот на трудови од Втората меѓународна научна конференција Манастирот Слепче и поствизантиската уметност на Балканот во XVI и XVII век, како и монографијата Црквата Св. Никола во Слепче, Демир Хисар од авторот д-р Сашо Цветковски, изданија произлезени од активностите на Школата во претходните години.

Истиот ден, 17 јули, започнуваат и едукативните предавања во рамки на попладневните работни сесии, кои секојдневно, до завршување на школата на 20 јули, ќе се одвиваат во манастирот.

– Предавањата тематски се насочени кон презентирање на дела-ракописи од Слепченскиот книжевен центар, посебно кон делата на најпознатите скриптори и автори Висарион Слепченски и Матеја Слепченски, но и на химнографски дела од досега непознати книжевни и музички дејци поврзани со подоцнежната историја на манастирот, стои во соопштението.

Пленарните предавања, како што велат, се подготвени од проф. д-р Илија Велев, а свое учество и излагање-презентација ќе имаат и повеќе истражувачи насочени кон презентирање на материјали, нови откритија и сознанија од работата на школата 2017-2019 година.

Активностите во рамките на овогодинешната Слепченско-демирхисарската летна школа ќе се одвиваат во доменот на пет научно – истражувачки секции предводени од реномирани професори и научни истражувачи: архитектура – проф. д-р Елизабета Касапова, археологија – проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, историја – проф. д-р Ванчо Георгиев, историја на уметноста – проф. д-р Сашо Цветковски, раководител на школата, и теологија – д-р Виктор Недески, со учество на дваесетина студенти, додипломци и постдипломци.

Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска