Видеотеатар во 11 кратки епизоди вечер на „Скопско лето“

Од:

На програмата на „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Сули ан (Факултет за ликовни уметности) е видеотеатарот „Дисперзирана драматика: Сирота мала богата драма во Кратово (драми во движење)“.

Видеотеатарскиот проект е во 11 кратки епизоди. Креатор, продуцент и визуелен драматург е Иванка Апостолова Баскар, режијата е на Теа Беговска, видео камера/монтажа на Михаило Апостолов и фотографии на Весна А. Бришкоска. Играат: Емилија Мицевска Трајковиќ и Томе Станковски.

Настанот е во продукција на Македонски центар ИТИ Продукција и ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани.

Во Сули ан утревечер од 20:30 часот вокално-инструментален концерт ќе одржи Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“. На концертот насловен „Мелем песна“ ќе настапат оркестарот, хорот и солистите на „Танец“.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022