Приведен осомничен дилер на дрога во Тетовско

Од:

Кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага, вчера се пронајдени во домот на шеесет и деветгодишен жител на село Доброште, Tетовско, при претрес на неговиот дом. Осомничениот е приведен.

МВР соопшти дека при претрес со судска наредба, извршен од 19 до 21 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.

Приведениот, според полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он