Млад возач од Батинци прегазил и усмртил велосипедист во центарот на Скопје

Од:

Вчера претпладне се случила тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, каде 20-годишен возач од селото Батинци, удрил во велосипедист и смртно го повредил, соопшти полицијата.

„На 13.07.2021 во 10.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“, патничко возило „Опел Корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од с.Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт“, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека бил извршен увид на местото на незгодата, од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен е возачот кој во Скопје со возило удри во 13-годишен велосипедист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Струмичанец е каминоџијата кој загина во несреќата во Хрватска

Катерина Ѓуровски