Стоилковски: СДСМ излажаа за парк наместо облакодери, заради СДСМ наместо 4, сега има 13000 м2 за градење!

Од:

„СДСМ ги излажаа скопјани за парк во центарот на Скопје наместо облакодери, додадоа 9 000 м2 на градежниот плац! Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа дополнителни над 9 000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„За споредба, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни!

На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески, допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје.

Што е ова ако не е лага? Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор?

Ќе потсетам што се ветуваше и како ја ширеа лагата, искажани преку зборовите на Мирослав Грчев.

„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план“, па Грчев продолжува – „Треба да бидат избришани облакодерите бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот“.

СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни.

СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Центар, СДСМ е најлошото за Скопје, СДСМ е најлошото за Македонија!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски