Македонски лекари ќе учат традиционална кинеска медицина во Пекинг

Од:

Македонски лекари до крајот на годинава или во текот на следната ќе заминат на обуки за традиционална кинеска медицина во Пекинг. За тоа е постигната начелна согласност на денешната средба на премиерот Никола Груевски со претставници на Кинеската централна болница „Гуанганмен“.

– Раководните лица се согласија да примат луѓе на тренинг. Зависно од она за што ќе специјализираат лекарите тренинзите ќе траат помеѓу еден и три месеци, изјави Груевски по посетата на болницата „Гуангамен“.

Македонските лекари, оцени, ќе специјализираат доста интересна област. Договорени се повеќе детали за обуката, зависно од тоа за кои области ќе има потреба да бидат испратени на специјализација.

– Задоволен сум од оваа средба и се надевам дека кон крајот на оваа година или во текот на следната ќе започнат тренинзи на наши лекари тука во Кина во Пекинг за традиционална кинеска медицина, рече Груевски.

Целта на посетата, уакажа, е запознавање со детали барање соработка со кинеската болница со македонските болници и клиники за обука на лекарите.

– Да ги научат вештините кои, како што ни објаснија тука, се користат паралелно со класичната медицина, повеќе кај хронични болести за коишто може да се дозволи лекување подолго време без нус ефекти. Имавме можност да се запознаеме многу повеќе отколку што претходно беше нашето знаење за овој вид на медицина, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството