Минимална предност за ГЕРБ на Борисов на изборите во Бугарија

Од:

Со обработени 89,14 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата ГЕРБ-СДС има добиено 24,01 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија на Бугарија.

Политичката партија „Има таков народ“ (ИТН) има 23,48 проценти од гласовите; „БСП за Бугарија“ – 13,65 проценти, „Демократска Бугарија“ – 12,60 проценти; Движење за права и слободи – 10,61 проценти; „Исправи се! Мафијата надвор!” – 5,04 проценти.

По области, ИТН добива помеѓу 9,04 и 32,74 отсто, со највисок резултат во Плевен. ГЕРБ помеѓу 18 и 33 отсто, а во Габрово, Ќустендил и Перник се највисоки.

ДБ добива помеѓу 4,42 и 33,06 отсто гласови, со најголема поддршка во градот Софија.

Излезноста во 16 часот била 27,20 отсто.

Најобразованите луѓе во Бугарија ја избираат ГЕРБ, Демократска Бугарија и „Има таков народ“ . Според возраста, младите гласачи на возраст меѓу 18 и 30 години најчесто гласале од ИТН. Жените претпочитаат ГЕРБ-СДС и БСП. ДБ е поддржана претежно во главниот град.

За новинската агенција Ројтерс, предвремените парламентарни избори, одржани на 11 јули во Бугарија, завршија без јасен победник додека пак АФП наведува дека гласачите вчераја казнија партијата на премиерот Бојко Борисов, обезбедувајќи победа на новата, предводена од Слави Трифонов, партија. Тие гласаа масовно за оваа и за сличните антисистемски партии. АФП во својата анализа го нагласува гласот на протестот.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада