Инцко: На БиХ ѝ треба закон кој го казнува негирањето на геноцидот

Од:

Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, смета дека на Босна и Херцеговина и е потребен закон кој ќе го казнува и спречува негирањето на геноцидот и со кој се третира глорификација на воените злосторници.

Инцко, по повод 26-годишнината од злосторствата извршени во Сребреница, оцени дека ваков закон треба да усвојат претставниците на народот.

Тој додаде дека има и такви кои продолжуваат да ја негираат вистината и такви кои и покрај, според неговото мислење, проверени и добро документирани факти, инсистираат на тоа дека геноцидот не се случил.

Инцко нагласи дека негирањето им го одзема достоинството на живите и мртвите, ги крши основните принципи на правдата и спречува закрепнување на целата земја.

– Негирањето на геноцидот е тежок товар кој граѓаните на Босна и Херцеговина не треба да го носат, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски