(ВИДЕО) Арсовски: За ДУП-от кај Холидеј Ин се замајува јавноста и се префрла одговорноста кај институциите

Од:

„Како што знаете, лагите и лажните ветувања на СДСМ, Шилегов и Богдановиќ излегоа на виделина. Цели 3 години СДСМ Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е СДСМ. Најпрвин префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба.

Џабе лажење цели 3 години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори.

И сега кога видоа дека не можат да излезат од сопствените лаги коишто влегоа, веднаш ги ставаат во функција обвинителство, судство и сите останати дека ќе барале криминал. Сето ова само за да ја замајат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите.

Наспроти тоа имаа цели 3 години да го направат сето ова кое што го прават, и наспроти тоа единствени виновници за извисувањето на граѓаните и нивните лаги кои ги пласираа се само Шилегов, Богдановиќ и СДСМ, затоа што ги лажеа граѓаните за градбите кај Холидеј Ин.

Јасни се намерите и лагите на СДСМ. Купување ситни политички поени, замајување јавност и ништо повеќе.

Затоа, овие избори треба да бидат казнети. Доволно ни беа лаги, доволни беа цели 4 години тапкање во место заради нив“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ