Во Австралија прв смртен случај од коронавирус оваа година

Од:

Австралија денеска го пријави првиот смртен случај од коронавирус годинава и рекордни нови 77 случаи оваа година во државата Нов Јужен Велс, која се бори со епидемија на делта мутацијата.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата Сиднеј, каде што во сила е тринеделнo целосно затворање, се очекува да порасне во наредните денови.

– Очекувам бројките во Нов Јужен Велс утре да бидат повисоки од 100. Ќе бидам изненаден ако се помалку, рече таа.

Вчера беа регистрирани 50 случаи, што досега беше рекорден број на новозаразени во 2021 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа