Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба, чија цел бил владин конвој во сомалискиот главен град Могадишу.
Конвојот го превезувал високиот полициски службеник Фархан Кароле, кој го преживеал нападот.
Засега никој не преземал одговорност за инцидентот, но движењето Ал-Шабаб, кое сака да ја собори владата и да го наметне своето толкување на шеријатскиот закон, често извршува вакви бомбашки напади.
Очевидци тврдат дека на местото на настанот виделе тела на осум жртви, меѓу кои и една жена.
Експлозијата се случила на прометна крстосница во главниот град на Сомалија.