Вооружени напаѓачи упаднале во чамец во Венеција, кој превезувал пари и успеале да украдат околу 1,3 милиони евра.
Грабежот е извршен кусо откако оклопно возило доставило три сандаци со пари, кои чамецот требал да ги разнесе од банките во поштенските филијали во Венеција.
Крадците украле два сандака, во кои имало банкноти, но го оставиле третиот во кој имало монети.