За брзо возење 297 санкции на територија на цела држава

Од:

При акциски контроли на полицијата во областа на сообраќајот вчера на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 297 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, соопштија денеска од МВР. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 83, а потоа на територија на СВР Битола – 49, на територија на СВР Штип – 45…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ