Возачот кој ја прегази Верица Белчовска на пешачки премин доби 15 месеци затвор

Од:

Основниот суд во Струмица денеска го осуди 18-годишниот струмичанец И.Ч. на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на 20-годишната Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Би можело да ве интересира

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист

А1он

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он