Здравствените власти ќе испитуваат четири лица во Тетово за кои има сомнение дека се заболени од јужноафриканскиот сој коронавирус, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Во Тетово има четири случаи кои се суспектни, врз основа на оној скрининг којшто се прави, на јужноафриканскиот сој. Што значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист – детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и анализа дали да се прави секвенционирање или не“ – рече Филипче.
Во земјава досега се регистрирани 10 случаи на делта-сојот.