Групата командоси која го уби претседателот на Хаити била составена од 26 Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити соопштија властите. Се трага по налогодавачот за убиството.
Колумбискиот министер за одбрана потврди дека дел од групата атентатори биле понезионирани припадници на армијата на неговата земја и вети дека ќе ја даде целата потребана помош во истрагата за околностите околу случајот.
Полицијата вчера ги пронашла осомничените во куќа ви близина на местот каде што беше изведено убиството во предградие на главниот град на Хаити. 17 лица се уапсени потврди шефот на полицијата.
На прес конференција кога беше соопштена информацијата за извршителите, на новинарите им беа покажани повеќе колумбиски пасоши како и оружје и уреди за комуникација кои биле користени при атентатот.
„Странци дојдоа во нашата земја за да го убијат претседателот“ – рече на прес конференцијата шефот на полицијата Леон Чарлс.