Фатен сериски провалник од гостиварско, подметнал и пожар

Од:

Полицијата расветли осум кражби кои беа регистрирани минатиот месец во гостиварско и поднесе кривична пријава против едно лице. Осомничениот сторител ќе одговара и за подметнување на пожар во возило.

Според информацијата од СВР Тетово, денеска Одделението за внатрешни работи Гостивар по расчистување на осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување на патничко моторно возило, до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од гостиварско Врапчиште. За него постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 и „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Според сознанијата на полицијата, Н.А. се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил осум тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот Врапчишки регион. Негов плен најчесто биле пари и стока која потоа ја препродавал. Покрај за кражбите, тој се сомничи, исто така, дека опожарил возило сопственост на едно лице од овој регион.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он