ВИДЕО: Пријателите се дружеа во чест на починатиот Беличанец

Од:

Новинари, пријатели, познаници и роднини преку заедничка дружба му оддадоа почит на Роберто Беличанец, кој почина пред два дена, во 41-та година од животот.

Единствена која им се обрати на присутните беше Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, која рече дека собирот претставува неформална дружба, во која меѓусебно ќе поразговараат за животот на Беличанец.

– Иако сакаше да се појавува во јавноста и да го кажува јасно и гласно својот став, денеска повеќе ќе сакаше да се подружиме, да ја слушаме неговата музика, да го пиеме виното кое го сакаше. Да разговараме кој кога го запознал, кога го изнервирал. Сеќавањата за Роберто живеат во нас – изјави Бејкова.

Голем дел од присутните носеа маици со ликот на Беличанец, на кои пишуваше „Тишината не е решение“.

Роберто Беличанец беше директор на Центарот за развој на медиуми, познат аналитичар на медиумите и силен критичар на власта. Беличанец почина од срцев удар, во својот дом.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата