Филипче: Нема потреба од рестрикции во земјава, за мерки на границите ќе решава Комисијата

Од:

Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. За конкретни препораки ќе разговараме оваа недела на состанок на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој вирус кај луѓе кои се или не се вакцинирани. Затоа акцент ставаме на вакцинацијата. Апелираме што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На Комисијата, посочи, ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез на границите, иако гледаме дека во многу земји во регионот покрај тоа што имаат некакви рестриктивни мерки, како во Грција на пример, има пораст на заболени.

– Значи треба да се препорачаат мерки кои треба да бидат ефикасни. Во овој момент ситуацијата е мирна, нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19, така што во овој момент некакви рестриктивни дополнителни мерки што се однесува до функционирањето не се препорачани, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид по повод реконструкција и опрема за Центарот за физикална терапија.

Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски