Двајцата заразени со делта-сојот од Тетово немаат симптоми

Од:

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта-сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта-сој.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат. При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски