Митева: Царовска и СДСМ го партизираат образованието

Од:

Реформите во образованието се процес кој изминативе четири години се спроведува на сила и нетранспарентно, а за жал истото се партизира од Царовска и СДСМ. Проблемите кои ги создава оваа влада оставаат трајни последици врз генерации ученици, но и врз просветните работници кои како наставници се главниот фактор кој треба да ги спроведе овие реформи рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Низа неправилности има во бодувањето на кандидатите кои како за наставник ментор, се отворија и сомнежи дека некои од досиејата биле отворани предвреме и истите биле подоцна преоценувани; Второ, информација за избор добија само избраните кандидати, никаде не можеше да се најде целосна ранг листа на сите кандидати кои аплицирале, а дополнително на кандидатите кои не беа избрани и побараа увид во бодувањето, истото не им било овозможено. Во училиште во општина Карпош каде беше избран кандидат којшто го пишуваше во онаа пресретната партиска листа каде кандидатите за наставници ментори се оценувани за партиска подобност. До името и презимето на наставникот стоеше кратко, недвосмислено објаснување “наш/а е” или “има книшка” – вели Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра