Односите Москва-Лондон се замрзнати, вели Кремљ

Од:

Москва е загрижена поради изјавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб за преминување на британски бродови во водите на Црното Море, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Се разбира, ваквите изјави нè загрижуваат, изјави портпаролот на Кремљ.

Песков исто така рече дека Москва и Лондон не одржуваат консултации за премин на бродови во Црното Море.

– Не, нема консултации. Сега, всушност, односите се замрзнати, рече портпаролот на Кремљ.

Русија ќе преземе неопходни мерки доколку се наруши нејзината државна граница во Црното Море, рече Песков, коментирајќи ги изјавите на Рааб дека британски бродови „ќе продолжат да минуваат низ украински води“.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица