„На сите им е јасно дека за македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се преговара и не треба да бидат тема на преговори и никогаш не биле. Македонските идентитетски линии на сите граѓани секако и на целата меѓународна јавност им се познати, секојдневно потврдувани, секојдневно повторувани“, одговори на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Она на кое што ние ќе се посветиме во претстојниот период исто како во изминатиот период е на изнаоѓање решение со Бугарија и целосно посветени на интегративниот процес на државата кон ЕУ“, додаде Кузеска.