Невработеноста во Италија, која што ја погоди рецесија, во мај скокна на 12,2 проценти, што е до сега најголемо ниво во последните 36 години.
Италијанскиот завод за статистика, Истат наведе дека стапката на невработеност не била толку висока од првиот квартал во 1977 година.
Во Италија во мај без работа останале 3,14 милиони луѓе, што е 56.000 повеќе отколку во април 2013 година.
Невработеноста кај младите од 15 до 24 години падна за 1,3 проценти на месечно ниво, а на 38,5 проценти во однос на мај.
Елена Георгиевска