ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се итни мерки за спречување на Делта сојот во Македонија, доста е од празните флоскули на Филипче

Од:

„Венко Филипче и Комисијата за заразни болести веднаш да донесат мерки за спречување на ширење на новиот Делта сој на Ковид вирусот.
Не смееме да дозволиме повторување на ситуацијата со вториот и третиот бран, каде што имавме по илјадници заразени граѓани на ден и по десетици починати заради неспособноста на Венко Филипче“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се спречи повторен голем бран на Ковид 19 потребно е превземање на итни мерки, а не секојдневни празни флоскули од најнеспособниот министер Филипче.

Што поскоро властите треба да спроведат мерки за да може уште на почеток да се изолира и блокира вирусот се со цел да не дојде повторно до нов голем бран и голем број на новозаразени, а со тоа и до повторно оптеретување на здравствениот систем.

Комисијата за заразни болести веднаш да донесе мерка за тестирање со брзи тестови на границите за влез во Македонија, на сите луѓе кои доаѓаат од ризичните подрачја и да се донесе мерка за задолжителна домашна изолација на овие луѓе.

Ништо од долгонајавуваната масовна вакцинација. Со месеци неспособниот Филипче се фали со купување на вакцини, но се што видовме од ветената масовна имунизација е само вакцини од донации, едно неделна прекината вакцинација и колони на наши сограѓани како се вакцинираат во соседството. Потребно е забрзување со вакцинацијата во Македонија и системски план за потикнување за вакцинирање на граѓаните.

Време е да се стави крај на лагите на неспособнот Филипче. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски