Американскиот Универзитет на Европа ФОН инвестира пет милиони евра за подобро образование

Од:

Американскиот Универзитет на Европа-ФОН (АУЕ-ФОН) инвестира повеќе од 5 милиони евра во подобро образование за своите сегашни и идни студенти. Како дел од инвестицијата, Универзитетот студиската 2021/2022 година ќе ја започне во новиот дел од административната зграда со површина од 17 илјади метри квадратни, којшто денеска беше промовиран.

Новиот дел од зградата, како што соопшти Американскиот Универзитет на Европа-ФОН е опремен со најсовремени кабинети, предавални, амфитеатри, лабаратории, библиотека, спортски сали, вклучувајќи го дополнително и студентскиот дом, којшто во целост е уреден според најсовремените светски стандарди.

– Со инвестицијата од над пет милиони евра, вложуваме во иднината на нашите генерации. Нашата инвестиција како приватен универзитет ќе придонесе за подигање на образованието на едно понапредно ниво, затоа што младите заслужуваат да имаат високо квалитетно образование, истакна Фијат Цаноски, оснивачот и сопственикот на АУЕ, на свеченото отворање на новите простории на Универзитетот.

Додава дека инвестицијата на приватниот универзитет АУЕ-ФОН, значи нè само подобри услови за работа или учење на академскиот кадар и студентите, туку дека вложувањето претставува двигател во иновациите и држење чекор понапред со стандардите за едукација кои што ги поставуваат светски познатите универзитети.

– Инвестициите во приватното образование ќе ја зголемат перспективата на младите луѓе, ќе се креираат нови вредности за студентите и ќе се зголеми конкуренцијата, со што идните генерации ќе ја формираат берзата на трудот, според потребите на современото живеење, потенцира Цаноски.

Првиот приватен универзитет АУЕ-ФОН, наведуваат, ќе го збогати и својот академскиот кадар и менаџерскиот тим со искусни експерти кои своето образование во целост го стекнале или работеле на универзитети низ САД.

Во рамките на промоцијата на новите простории на АУЕ-ФОН, денеска се оддржала и изложба на студенти од Факултетот за дизајн и мултимедија, на која биле презентирани нивните дела. Во истовреме, биле доделени и дипломи на студентите кои го завршиле своето образование и се прогласиле најдобрите студенти на Универзитетот. Ангела Упеска, студент на втор циклус на студии од Факултетот за правни и политички науки е првенец за академската 2019/2020 година и Никола Данаиловски, студент на прв циклус на студии од Факултетот за дизајн и мултимедија е најдобар студент за академската 2016-2017 година на АУЕ-ФОН Универзитетот.

Ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, професорот д-р Мирко Трипуноски на младите дипломци кои штотуку го завршија своето образование им посакал успешна кариера и изразил уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и да го имплементираат знаењето и искуството, стекнати на универзитетот во својот иден професионален ангажман.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците