Агент на руската ФСБ го привел естонскиот конзул во Санкт Петербург

Од:

Вработен во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го привел естонскиот конзул во Санкт Петербург во моментот кога добил класифициран материјал од руски граѓанин, соопшти денеска државната агенција ТАСС, повикувајќи се на службата за односи со јавност на ФСБ.

„Федералната служба за безбедност во Санкт Петербург го приведе конзулот додека добиваше доверливи материјали од руски државјанин“, соопшти ФСБ.

Разузнавачката служба истакна дека „оваа активност е некомпатибилна со статусот на дипломатски службеник и има јавен непријателски карактер кон Руската Федерација. Врз странскиот дипломат ќе се применуваат мерки во согласност со нормите на меѓународното право“, додаде ФСБ.

Според меѓународните стандарди, дипломатите имаат имунитет во земјата во која работат, но може да бидат лишени од правото да останат во случај на кршење на законот или непријателски дејствија. Како што предвидива Виенската конвенција, државата-примател може во секое време да ја извести државата испраќач дека шефот на мисијата или друг член на дипломатскиот персонал е персона нон грата и дека неговиот престој во земјата е неприфатлив.

Во реакција на настанот, Естонија соопшти дека приведувањето е „местенка“ и дека обвинувањата се неосновани.

„Ова обвинување, дека тој кај себе имал доверливи документи, е целосно неосновано. Ова е провокација. Целиот инцидент е местенка“, изјави за Ројтерс портпаролката на естонското Министерство за надворешни работи, Ари Лемик.

Би можело да ве интересира

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите