Половина од општините немаат објавено информации за услугите што ги обезбедуваат

Од:

Постојниот квалитет на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на веб-порталите не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице. Ова го утврдува Државниот завод за ревизија во објавениот конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на информациските системи како Ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали“.

– Достапноста на е-услугите преку интернет со примена на стандардите за веб-пристапност на е‐услугите се уште не е на задоволително ниво. Движењето низ веб-порталите и обезбедувањето е-услуги, како и достапноста до информациите, упатствата и формуларите за одредена услуга не се унифицирани за сите ЕЛС, а проблематично е и пребарувањето на веб-содржините, соопшти ДЗР.

Државниот завод за ревизија во 2019 и 2020 година изврши ревизија на информациските системи како ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали”. Со ревизијата беа опфатени сите единици на локална самоуправа и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, или вкупно 81 ЕЛС, како и Министерството за локална самоуправа и Министерството за информатичко општество.

-Ревизијата го опфати периодот од 2016 до 2020 година, како и одредени области, прашања и настани и пред 2016 година и последователно до денот на известување за извршената ревизија. Со цел да биде зголемен опфатот на ревизијата, ревизорите доставија онлајн-прашалник до сите општини во РСМ, за прибирање податоци за квалитетот на услугите кои ЕЛС ги обезбедува преку своите веб портали. На доставениот прашалник одговорија вкупно 77 ЕЛС, а одговор не доставија следните општини: Арачиново, Сарај, Студеничани и Кичево, информира ДЗР.

Со извршената ревизија за квалитетот на услуги кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, ревизорите утврдиле дека 38 ЕЛС (49,3 отсто) немаат наведено на своите веб- портали информации за услугите што им ги обезбедуваат на граѓаните и правните лица; две ЕЛС (2,6 отсто) имаат недостапни веб-портали; 36 ЕЛС (46,8 отсто) немаат објавени формулари за услугите кои ги обезбедуваат; 39 ЕЛС (50,6 оттсо) немаат објавено информации кои се однесуваат на административните такси за услугите;23 ЕЛС (29,8 отсто) на своите веб-портали немаат воспоставена можност за електронско пријавување проблем при обезбедувањето на јавните услуги.

-Од декември 2019 година, во употреба е пуштен Националниот портал за е-услуги, кој треба да биде единствената врска на граѓаните со институциите. На порталот https://uslugi.gov.mk/ во текот на извршување на ревизија има понудени 810 услуги, од нив 151 електронска услуга (е-услуги), од различни дејности и институции, но нема ниту една електронска услуга која е во надлежност на ЕЛС. Планирањето на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, согласно законската регулатива е во надлежност на ЕЛС, наведува Државниот завод за ревизија.

Стратегија за локален економски развој немаат изготвено 35 ЕЛС (45,4 отсто), а дури 71 ЕЛС (92,2 отсто) немаат изготвено Стратегија за развој на информацискиот систем и употреба на информатичката технологија. Стратегијата за локален економски развој на својот веб-портал, пак, не ја објавиле 54 ЕЛС (70,1 ).

-Иако транспарентноста и отчетноста во работата на ЕЛС се предвидени во Законот за локална самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за користење на податоци од јавниот сектор, кај поголем дел на ЕЛС е забележано отсуство на информации или нецелосни информации за користење на јавните средства од страна на единиците на локална самоуправа, односно недоволна буџетска транспарентност, а не е обезбеден ниту пристап до информации од јавен карактер или пак се објавени нецелосни информации од јавен карактер, наведва ДЗР во извештајот.

Во најголемиот дел од општините, ревизорите констатирале недоволни човечки и материјални ресурси, потребни за воспоставување е-услуги, како и непостоење анализа и утврдени минимални потребни ресурси неопходни за непречено обезбедување квалитетни услуги преку веб-порталите на ЕЛС;

Кај најголемиот дел од општините е детектирано нефункционално решение за следење на состојбата на давање услуги од субјектите кои вршат јавни услуги, како и отсуство на редовно следење на квалитетот на јавните услуги на локално ниво. Истовремено, дел од општините немаат обезбедено безбедносен HTTPS протокол за пристап до веб-порталите, со кој би се овозможила безбедна размена на електронски пораки и податоци.

Ревизорите во извештајот препорачуваат дека е неопходно надлежните институции да преземат активности и конкретни мерки во функција на подобрување и унапредување на квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, како и зголемување на бројот на е-услуги.

– Дополнително, потребно е да се дејствува проактивно во насока на подигнување на јавната свест на граѓаните за користењето на услугите по електронски пат, како и едукација во делот на придобивките од ваквиот начин на реализирање на услугите наместо на традиционалниот начин, особено во услови на пандемија како што беше случајот со вирусот Ковид-19, наведува ДЗР во ревизорскиот извештај.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

A1on

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Владата го трошела буџетот на одделни институции, долгот зголемен за 567 милиони евра, утврдија ревизорите

A1on