ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата го отсликува ставот на народот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет. Резолуцијата која ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Оваа Резолуција го отсликува ставот на народот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Позитивно е што голем број парламентарни партии се спремни да ја поддржат Резолуцијата и со тоа да се изгради национален став и стратегија.

Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори.

Се надеваме дека СДСМ ќе останат доследни на вчера кажаното и ќе ја поддржат Резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидуваат да ја закочат и опструираат.

Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Време е за стабилност во надворешната политика. Време е за Македонија за сите луѓе!“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ