Концерт на Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“ на „Скопско лето“

Од:

Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва на Факултетот за ликовни уметности концерт ќе одржат Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“.

Изведувачи на концертот се Филип Шурбевски – тарабука, Ристе Апостолов – виолина, Митко Наумовски – џумбуш и Мајкал Карадаковски – кларинет.

Филип Шурбевески и „ЕГЗИЈА ТРИО“ е вокално-инструментален состав формиран е во 2011 година, кој ја негува македонската традиционална чалгиска музика. Ова е специфичен состав, не само поради инструментите кои се застапени, туку и поради музичкиот стил кој е различен од другите, а препознатлив сам по себе.

Иако овој стил на изразување е во изумирање, овој музички состав има цел да ја врати македонската чалгија што во извесен период беше заборавена, а е карактеристичен и препознатлив белег на македонската музика низ вековите, којашто живеела на овие простори. Во репертоарот има застапено македонски песни и ора во звукот на македонската чалгија.

Од инструменти застапени се: виолина, кларинет, џумбуш, ут, тарабука, деф и дајре, карактеристични чалгиски инструменти. Виолината е инструмент кој е исклучително присутен во нашата земја. Тарабуката е инструмент кој во себе ја содржи ритмичката делница во чалгиски состав, без која ритамот би бил сосема поинаков. Се свири со прсти, а мајсторијата на овој инструмент е во што поизразено ситнење на ритмичките обрасци. Утот и џумбушот се жичани музички инструменти кои датираат од 16. век и се користат во чалгиската музика од самиот почеток. На нив се свири ниската лага на мелодијата и тие даваат убав фундаментален звук.

Овој состав има настапувано на разни свечености, приеми, емисии, општински случувања, во повеќе локали во Старата скопска чаршија и на многу други места. Членовите на составот се професионални музичари со големо сценско искуство и со голем број на настапи во земјата и надвор од неа, секој во својата област.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе биде регулиран со билети по цена од 200 денари кои можат да се купат онлајн на www.karti.com.mk и пред почетокот на настанот на влезот на објектот.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022