Граѓаните од лакавичкиот регион ги пријавуваат штетите од невремето

Од:

Комисијата за проценка на штетите настанати од природни непогоди при Општина Штип започна со постапката за прием на пријави за притрпени штети предизвикани од невремето што викендов го зафати атарот околу реката Крива Лакавица.

Рокот за пријавување штети од невремето е до 5 јуни (петок), по што екипи од Одделението за проценка на штети ќе излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба.

Од одделението информираат дека во текот на денешниов ден граѓаните најчесто се информирале за потребната документација што треба да ја достават, како и за крајниот рок за поднесување на пријавата. Денес се поднесени околу петнаесет пријави, кои главно се однесуваат на штети врз земјоделските посеви.

IMG_1209

Општината сè уште ги нема исплатено средствата за штетите што ги претрпеа граѓаните од поплавите што го зафатија Штип кон крајот на месец февруари оваа година. Жителите на лаквичкиот регион се надеваат дека нив нема да ги снајде ваквата судбина, бидејќи во спротивно ќе се најдат на работ на егзистенцијата.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски