Ф4 во СЕХА-лигата повторно во Задар

Од:

Хрватскиот приморски град Задар ќе биде домаќин на завршниот турнир од Регионалната ракометна СЕХА-лига за сезоната 2020/21.

– И покрај тоа што остануваат уште неколку натпревари пред завршниот турнир во СЕХА – Газпром Лига, ние сме горди што го објавивме датумот и времето на финалето на оваа сезона. Ќе се игра од 3 до 5 септември во Задар, Хрватска.Северна Далмација е нашиот дом на Фајнл 4 втора година по ред и не очекуваме ништо помалку од истата возбуда како и минатата година. Затоа, еден од најмодерните спортски центри во Хрватска, „СЦ Вишњик“, ќе биде домаќин на четири од најдобрите тимови кои ќе успеат да ги надминат сите пречки, објавено е на официјалната веб-страница на СЕХА.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок (3-ти септември), додека два натпревари за пласман ќе се одржат во недела (5-ти септември).

Осум екипи ќе се обидат да изборат учество на Ф4 турнирот, меѓу кои и македонските претставници, Еурофарм Пелистер и Вардар. Тука се уште и: Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нексе, ППД Загреб, Татран Прешов и Веспрем.

Целиот турнир ќе се спроведе следејќи ги упатствата за пандемија.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска