Казнети 648 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Од:

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 648 возачи на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило, стои во денешното соопштение од МВР, се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје 117, а потоа на територија на СВР Охрид 82, на територија на СВР Куманово 80…, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце