ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е ретка можност партиите са се обединат околу државните интереси, а власта да ја стави Македонија пред својот криминал и парите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ водена од националните и државните интереси до Собранието ќе поднесе Резолуција со која јасно ќе се дефинираат позициите на Македонија по однос на идентитетските обележја кои се предмет на негација. Ова е ретка можност партиите да се обединат околу овој консензус кој веќе е изграден во општеството. Имено Резолуцијата не е партиски текст, туку е темелена на дефиниции и позиции на општествени, научни и образовни авторитети како МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА. ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со сите политички субјекти, затоа што смета дека Македонија мора да има изградено цврсти позиции, особено ако се има предвид дека Бугарија веќе има резолуција за Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижуваат ставовите на владејачките СДСМ И ДУИ за неприфаќање на ваква Резолуција, бидејќи со тоа се остава простор за сомнеж дека се подготвува пазарење со идентитетот, јазикот и историјата. Истовремено одењето против ваква Резолуција истовремено е спорење на аргументите и позициите на МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА, што би преставувало опасна политизација на нешто кое е темелено на наука.

Тоа што криминалот е приоритет на власта е општо познато, но очекуваме оваа тендер коалиција барем еднаш да се одважи и да ја стави Македонија, пред парите и криминалот“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ