Помала група антивладини демонстранти се судрија со полицијата во близина на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро, пред финалниот натпревар помеѓу Бразил – Шпанија за Купот на конфедерацијата.
Инцидентот се случи кога половина час пред натпреварот од демонстрантите се одвои помала група која се судри со полицијата.
Судири имаше и во изминатите денови пред полуфиналните натпревари помеѓу Бразил – Уругвај во Бело Хоризонтеу и Шпанија – Италија во Форталези.
Протестите во Бразил започнаа на 17-ти јуни, како последица на зголемените цени на јавниот превоз, а подоцна демонстрантите ги проширија своите барања за подобро здравство, ниски даноци, а жестоки реакции има и поради високите трошоци за организација на Светското првенство во фудбал и Олимписките игри во 2016 година.
Елена Георгиевска